10 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаСопствениците на обложовалници и казина, сакаат да ја тужат државата !!!!!

Сопствениците на обложовалници и казина, сакаат да ја тужат државата !!!!!

Министерството за финансии остана глуво на нашите апели и ги достави измените на Законот за организирање игри на среќа во Собранието на Република Северна Македонија, вели Горан Стоименов, претставник на Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија. Денеска претставници на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС и Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ се собраа спроти Собранието.

Во услови на тешки економски последици од корона кризата со предложените измени се предвидува затворање на автомат клубовите и спортските обложувалници и отпуштање на речиси 10 илјади вработени. Стоименов тврди дека државата ќе изгуби околу 280 милиони евра буџетски приходи на годишна основа.

„Се затвора 100 отсто законски бизнис што ќе предизвика отворање на подрумски простории каде ќе се игра на црно, како децении наназад. Државата ќе нема ниту контрола, ниту ќе остварува буџетски приливи. Приходите ќе завршуваат во приватни џебови, без да се плаќаат лиценци и даноци, вели Стоименов.

 

Вели дека се претставници на реномирани странски компании од ЕУ, кои индиректно помагаат меѓу 54.000 до 100.000 работни места во земјата и бараат да бидат третирани од државата во која инвестираат со години на ист начин како и другите странски инвеститори.

„Не е точно дека малолетниците ќе бидат повеќе заштитени ако автомат клубовите се дистанцираат на 500 метри од образовните објекти. Ваквиот концепт е целосно промашен и претставува предизборен популизам. Малолетниците пешачејќи или превезувајќи се до училиштето каде посетуваат настава, повторно ќе мора да поминуваат покрај објектите каде се организираат игри на среќа. Тврдењата дека називите на фирмите и излозите на спортските обложувалници и автомат клубовите ги привлекуваат малолетниците и наводно така преку очите им се создава навика за игри на среќа, нема врска со реалноста. Тогаш, по истата логика и со истите аргументи, владата и собранието треба да ги дистанцираат сите кафулиња, кафеани и тобака за да малолетниците се заштитат од алкохол и цигари, рече Стоименов.

Се тврди дека Предлогот за дислокација на објектите каде се организираат игри на среќа е многу тешко изводлив на терен. Бидејќи согласно постоечката урбанизација, одредено дистанцирање од едно училиште, ќе го приближи објектот до друго училиште. Затоа, дистанцата од 500 метри „де факто“ значи целосно затворање на оваа индустрија. Според АПИС Албанија во 2019 ги забрани и затвори спортските обложувалници и казина, дозволувајќи само „on-line“ игри на среќа. Во септември 2020 година, нивната Влада се пишманила и дозволила повторно да се организираат игри на среќа, дури и да се отвораат објекти во најстрогиот центар на Тирана. Во Грција децении наназад беа забранети објектите за игри на среќа. Меѓутоа со нов закон во 2018 дозволија нивната државна лотарија да отвора објекти со VLT апарати. Во Грција ќе бидат инсталирани 36 000 апарати за игри на среќа.

 

„Погрешен е впечатокот дека ние генерално сме против измени на законот за организирање игри на среќа, туку сме против нелогични, погрешни и политички мотивирани измени. Постоечката регулатива во Северна Македони15ја е најстрога на Балканот, бидејќи актуелниот Закон ги опфаќа сите сегменти на контрола на игрите на среќа од сите надлежни институции. Не постои записник на инспекциските служби каде е евидентирано присуство на малолетник во автомат клубовите кои се во наша надлежност, што е исклучителна потврда дека ние сме врвни професионалци, општествено одговорни компании кои го штитат јавниот интерес 100% и неселективно ги спроведуваме законските норми. Одговорно тврдиме дека постојат повеќе опции заштитата на малолетниците да биде уште повеќе зајакната, а државата да ги остварува и понатаму постоечките буџетски приливи. Апелираме до пратениците да не ги заведува еуфоријата од локалните избори кои ќе се одржат во октомври. Бараме да се одржи јавна расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет на која ќе ги соочиме аргументите. Предложените законски измени содржат дискриминаторски, противуставни одредби кои предвидуваат ретроактивно дејство за веќе завршена правно-финансиска работа. Ние ќе бидеме принудени да ја тужиме државата за надомест на штета што ќе предизвика многу сериозни финансиски импликации по буџетот, рече Стоименов.

faktor

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...