6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаМвр остро реагира после објавата на Апасиев: Не му доликува на еден...

Мвр остро реагира после објавата на Апасиев: Не му доликува на еден пратеник да го употреби зборот КУ*ЧИ, а МВР има право да те застане кога сака и каде сака…

„Не се к*рчи, коа не знаеш право!“, напиша вчера Апасиев на Фејсбук како резиме на блиската средба со сообраќаен полицаец во Штип кој го стопирал и побарал да „дува“ во дрегер заради контрола на алкохол при управување со возило.

Реагираше и Министерството за внатрешни работи со потсетување дека „пратеникот Димитар Апасиев нема имунитет во случај кога полицаец го сопрел неговото возило и сакал да му го пребара, за како што претходно рече пратеникот, да не има евентуално недозволени супстанци во истото“.

Според соопштението на МВР, „според Уставот, пратеничкиот имунитет го штити лидерот на „Левица„ само од кажано мислење на говорница и гласање во Собрание, како и го штити од притвор. Во сите останати ситуации, пратеникот е еднаков пред законите како и сите други граѓани“.

-Полицискиот службеник нема обврска да издаде записник доколку проверката не покажува прекршок. Јавните функционери избрани како народни претставници треба да се првиот пример за граѓаните и да ги почитуваат законите, наместо да злоупотребуваат пратенички имунитет и да се повикуваат на привилегијата која им ја гарантира функцијата. Униформиран полициски службеник при редовно вршење на своите работни задачи, побарал да изврши контрола при управување на патничко возило, во случајот со употреба на дрегер.

Како и секој граѓанин, и пратеникот доколку смета дека полицискиот службеник ги пречекорил овластувањата може да пријави во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. МВР ќе продолжи неселективно ги врши сообраќајните контроли и да се бори за што побезбедни, се вели во реакцијата на МВР.
Однесувањето на Апасиев кон полициски службеник кој си ја вршел работата го коментираше и поранешниот пратеник Павле Богоевски кој му укажа дека секој пратеник ужива материјален и формален имунитет, додека се друго, според него е свесна манипулација со правото.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...