31.9 C
Ohrid
понеделник, август 2, 2021
Почетна Македонија Доктор Кунгуловски: Тешки месеци ќе бидат со делта сојот, особено за невакцинираните..

Доктор Кунгуловски: Тешки месеци ќе бидат со делта сојот, особено за невакцинираните..

Translate (Eng):[gtranslate]

Уште два нови случаи позитивни на делта сојот на SARS-CoV-2 се регистрирани во Жан Митрев Клиник, соопшти доктор Горан Кунгуловски на Фејсбук. Од Министерството за здравство се уште нема потврда за новите случаи, а министерот Венко Филипче претходно денеска соопшти дека има четири потврдени случаи на делта сојот.

– Денеска се потврдени шест случаи (четири во Јавно здравство и два во Жан Митрев клиник) позитивни на делта варијантата на SARS-CoV-2. Голем број на студии досега укажуваат дека овој сој на SARS-CoV-2 се пренесува побрзо од алфа сојот (барем 50 проценти, а претходно алфа сојот се пренесуваше барем 50 отсто побрзо од D614G сојот кој пак се пренесуваше за 20-30 посто побрзо од изворниот Wuhan-ски сој, пишува Кунгуловски на ФБ.

РЕКЛАМА
- Реклами -