10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаАвтопатот Кичево-Охрид ќе поскапи за уште 8,2 милиони евра ???

Автопатот Кичево-Охрид ќе поскапи за уште 8,2 милиони евра ???

На 30 јуни годинава заврши вториот рок за завршување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид кој почна да се гради во 2014.

Оваа делница првично беше најавено да е готова во 2018 година, но со анекс на договорот се продолжи рокот до 30 јуни годинава. Тогаш, се зголеми и цената на чинење на автопатот на вкупно 598 милиони евра.

Јавното претпријатие за државни патишта склучило договор од над 8,2 милиони евра со Градежен институт Македонија за надзор за докомплетирањето на градежните работи на автопатот Кичево- Охрид.

Милионскиот договор веќе е објавен, а за надзорот Градежниот институт Македонија се здружува со скопската компанија Евро консалтинг, објави Фактор.

Овој договор следува по одлуката за пролонгирање на рокот за иzградба на оваа автопатска делница, а за што се прави и анекс на договорот со кинеската компанија Синохидро која е изведувач на работите.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...