9.4 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаДва случаи на делта-сој регистрираше клиниката „Жан Митрев“

Два случаи на делта-сој регистрираше клиниката „Жан Митрев“

Во Лабораторијата за Гентика и Персонализирана Медицина при Жан Митрев Клиниката во Скопје во текот на вчерашниот ден беа идентификувани двајца пациенти позитивни за делта сојот на SARS-CoV-2 (B.1.617.2) со што и официјално беше потврдено дека делта сојот се шири во Македонија.

„Уште од самиот почеток на пандемијата, во лабораторијата редовно се врши секвенционирање на позитивните примероци со цел детекција на нови соеви во државата. Сите позитивни примероци за кои внимателно се утврдува дека се сомнителни за некој друг сој на вирусот, различен од доминантниот, подлежат на понатамошно секвенционирање и утврдување на конкретниот сој.

Во овој случај беше детерминирано дека се работи за делта сојот, уште познат и како ,,индиски,, сој.

Во јануари годинава во лабораторијата за прв пат во државава беше детектиран британскиот сој на вирусот. Од тогаш лабораторијата континуирано продолжува да ги применува светските препораки за редовно секвенционирање на вирусот и да ја следи појавата на нови соеви, како и нивната застапеност во државата“, велат од Клиниката „Жан Митрев“.

fokus

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...