14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаСветМате Римац го презема „Бугати“-Суперлуксузните брзи автомобили ќе се произведуваат во Хрватска

Мате Римац го презема „Бугати“-Суперлуксузните брзи автомобили ќе се произведуваат во Хрватска

Kомпанијата на хрватскиот иноватор и претприемач Мате Римац, „Римац автомобили“, станa мнозински сопственик на „Бугати“, eдно од најпрестижните имиња во светот на суперлуксузните брзи автомобили. Групацијата Римац ќе поседува 55% од акциите на „Бугати“.

Хрвасуперлуксузните брзи автомобилитската компанија сега ќе се преименува во „Римац група“ и ќе биде поделена на два дела, „Бугати Римац“ и „Римац технологија“. Седиштето на новата компанија ќе биде во Хрватска, а двата бренда ќе продолжат да развиваат модели на автомобили во рамките на компанијата.

„Ова е пресврт во историјата на компанијата. Се здружуваме со иконата на автомобилските брендови во нова автомобилска и технолошка компанија. За само десет години, ‘Римац автомобили‘ напредуваше од стартап компанија и еден човек во гаража, до ‘Бугати Римац‘, компанија која соработува со ‘Порше‘ и ‘Фолксваген група‘“, соопшти Мате Римац.

Пред повеќе од еден месец Римац објави дека ќе почне со сериско производство на својот хиперавтомобил „невера“, кој е најбрзиот автомобил во светот. Со овој автомобил неодамна се возеше и претседателот Стево Пендаровски, додека беше во официјална посета на Хрватска.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На 20% пребројани гласови – Гордана 44,71%, Стево 19,09%

На 20% на ниво на Македонија, пребројаните гласови се вака: Гордана Сиљановска Давкова 64.929 44.71% Стево Пендаровски 27.728 19.09% Бујар ОСмани 18.896 13% Арбен Таравари 12.916 8.5% Максим...

На 5% обработени на ниво на Македонија: ВМРО ДПМНЕ води со двојна разлика !!!

На 5% обработени на ниво на Македонија: Гордана 7.782 Бујар 3.428 Стево 3.402 Арбен 1.906 Максим 1.384 Билјана 916 Стевчо 131

Дијаспората гласаше: Силјановска-Давкова со двојно повеќе гласови од Пендаровски

Според податоците од Дипломатско конзуларните претставништва, без САД и Канада, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на седмите Претседателски избори има освоено 359 гласови од...

Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт!

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт! Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го...