23.3 C
Ohrid
среда, август 4, 2021
Почетна Македонија Maкедонскиот ''Еким и Исцелител'', доби забрана за работа од државниот здравствен инспекторат

Maкедонскиот ”Еким и Исцелител”, доби забрана за работа од државниот здравствен инспекторат

Translate (Eng):[gtranslate]

Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) по третпат му забрани да работи на Иван Исцелител, откако продолжил да ги нуди своите надрилекарски услуги. Како што дознава „Слободен печат“, на 12 јуни ДСЗИ бил информиран дека Иван продолжил да работи на територијата на Општина Куманово.

– По добиена дојава дека во атарот на селото Старо Нагоричане, Иван престојува и прима пациенти, екипа на ДСЗИ изврши вонреден инспекциски надзор. Во моментот на надзорот затекнати се шест лица кои чекале средба со Иван. Еден од присутните изјавил дека со Иван само разговарале и немале физички контакт, а не им бил препорачан каков било препарат, што го потврдил и Иван – велат од инспекторатот.

ДСЗИ претходно му ја затвораше „ординацијата“ на Иван во близина на Клиничкиот центар во Скопје во тензична атмосфера поради тоа што пациенти ги колнеле инспекторите. Станарите од соседството негодувале зашто се правел метеж од паркираните автомобили. Исцелител тогаш изјавуваше дека ординацијата му била затворена зашто сите пациенти од Клинички доаѓале кај него.

РЕКЛАМА

Обвинителството и Министерството за внатрешни работи повеќе од 10 години не покренуваат обвинение против надрилекарот Иван Исцелител, кој за себе веќе изгради слика на „Божји пратеник“ и хуманитарец, а му беше отстапуван простор и на телевизија.

Извор: Слободен Печат

- Реклами -