23.3 C
Ohrid
среда, август 4, 2021
Почетна Македонија Д-р Бабиќ: Човек заразен со делта сојот заразува од пет до осум...

Д-р Бабиќ: Човек заразен со делта сојот заразува од пет до осум други лица

Translate (Eng):[gtranslate]

Д-р Милош Бабиќ, молекуларен биолог и невробиолог, во својот напис за публикацијата „Наука во Србија“, детално објаснува што значи појавата на делта сојот.

Тој потенцира дека овој сој се смета за поопасен бидејќи е позаразени, односно едно заразено лице може да зарази дури 8 други лица.

-Кај првичниот сој на Ковид-19, секоја заразена личност заразувала отприлика двајца други. Раните проценки укажуваат дека човек заразен со делта-сојот заразува од пет до осум други лица. Кога еднаш ќе се појави во еден регион, делта сојот набрзо станува доминантен. Овој сој веројатно произведува значително потешка болест. Иако се потребни уште податоци, прелиминарните бројки покажуваат дека делта сојот предизвикува до 85% повеќе хоспитализации кај невакцинираните, ако се земе предвид староста на заразените. На пример, нивото на тешки болести и смрт е релативно мал во однос на бројот на инфекции во Велика Британија, вели Д-р Бабиќ.

РЕКЛАМА
- Реклами -