13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаМихаилоска: Минималната плата ќе ја направиме 18.000 денари..

Михаилоска: Минималната плата ќе ја направиме 18.000 денари..

„Донесовме, како народни избраници, закони за покривање на долговите на општините, односно за 51% од вкупно пријавените долгови на локалните власти“, потсетипратеничката на СДСМ – Соња Михаилоска, на партиската трибина во Делчево.

Таа истакна дека законодавната и извршната власт се постојано во комуникација со општините, а со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Михаилоска потсети и на зголемувањето на минималната плата, најавувајќи дека истата ќе достигне 18.000 денари.

„За краток период успеавме да ја зголемиме минималната плата од 9 на 15 илјади денари, а наскоро ветуваме дека оваа плата ќе достигне и 18 илјади денари. Просечната плата е покачена на 28.400 денари, а воедно ги зголемивме платите со сите дејности, како: здравството, образованието, армијата, МВР, администрацијата… Исто така, социјалната помош е покачена 300%, а социјална пензија земаат и оние над 65 години кои немаат 15 години работен стаж, во износ од 6.500 денари. Мислиме и на стечајците, кои добиваат осум илјади денари месечно до пензионирање“, рече Михаилоска.

Прочитајте и: СДСМ ја прифаќа резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии, „Излегоа на површина сите лаги на Мицкоски“ – вели Костадинов
Таа потсети и дека власта на СДСМ остварила една од стратешките цели на државата – членството во НАТО.

Со нова победа на СДСМ на локалните избори во Делчево, соработката со централната власт дополнително ќе се унапреди, порача таа.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...