14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаТатко и син од Тетово заболени од Делта сој, пациентот од Велес...

Татко и син од Тетово заболени од Делта сој, пациентот од Велес стабилен.

Од Делта сојот во земјата досега се заразени десетмина, откако беше потврдено дека оваа мутација е откриена кај четворицата сомнителни за кои вчера информираше министерот за здравство, Венко Филипче. Меѓу потврдените десет случаи со Делта сој се и татко и син од Тетово, потврдија за НоваТВ од Институтот за јавно здравје.

Од Општата болница во Велес потврдуваат дека кај нив на инфективното одделение е само еден пациент кај кого е потврден Делта сој на вирусот.

– Тој ги почувствувал симптомите уште пред да замине од Англија, почнал да кашла, но не очекувал дека ќе заболи токму од ковид-19. Пациентот има пневмонија, но е со лесна клиничка слика, стабилен е и не е ставен ниту на кислороден поддршка, но е малку вознемирен бидејќи го следи социјалните медиуми па почна да чувствува малку поголем притисок, зашто сите се интересираат за него поради делта сојот. Веќе одум дена е хоспитализиран кај нас во болницата, а добро е што по враќањето од Англија, кадешто работи, контактирал единствено со сопругата. Навреме е изолиран, веднаш ги известивме епидемиолошките служби и колегите ја следат ситуацијата. Добро е што нема нови пациенти, ниту суспектни случаи поврзани со овој заболен – изјави д-р Елеонора Јованова за НоваТВ.

Инаку досега велешанецот не бил вакциниран против ковид-19.
Извор:Nova

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

СДСМ: Ги очекуваме првичните резултати од изборите.

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, прес-конференција по завршувањето на претседателските избори, Скопје, 24.4.2024 година Изборниот ден помина во фер и демократска атмосфера, а граѓаните својата...

Таравари: По долги години ДУИ конечно оди во опозиција

Кандидатот за претседател од редовите на албанската „Вреди“, Арбен Таравари на првата прес – конференција по затворањето на гласачките места порача дека очекува на...

На 20% пребројани гласови – Гордана 44,71%, Стево 19,09%

На 20% на ниво на Македонија, пребројаните гласови се вака: Гордана Сиљановска Давкова 64.929 44.71% Стево Пендаровски 27.728 19.09% Бујар ОСмани 18.896 13% Арбен Таравари 12.916 8.5% Максим...

На 5% обработени на ниво на Македонија: ВМРО ДПМНЕ води со двојна разлика !!!

На 5% обработени на ниво на Македонија: Гордана 7.782 Бујар 3.428 Стево 3.402 Арбен 1.906 Максим 1.384 Билјана 916 Стевчо 131