14.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаAпасиев: Ако не повлечеме црвени линии за неколку децении ќе бидеме Курди...

Aпасиев: Ако не повлечеме црвени линии за неколку децении ќе бидеме Курди на Балканот

Ако не повлечеме црвени линии за неколку децении ќе бидеме Курди на Балканот, вели претседателот нја Левица, Димитар Апасиев во „Само вистина“ на Канал 5.

Објаснува дека за нив црвените линии се унитарноста на Македонија.

„Значи да не се разговара за некаква идна федерализција или кантонизација.  Секуларноста, тоа значи да се зауздаат верските заедници кои почнуваат да доминираат, следно е територијалниот интегритет да се гарантира, потоа идентитетот да се гарантира, значи име, јазик, култура и инсигниите, односно државното знаме, грб и химна. Ова е НЗС, зад кој што секоја македонска партија мора да го стави својот потпис, бидејќи во спротивно ние за неколку децении од сега ќе немаме држава, односно ќе бидеме Курди на Балканот“, вели Апасиев. 

 

Тој го обвини премиерот Зоран Заев дека е причина за настанувањето на проблемите со Бугарија. Вели дека раководството на Заев има слаби дипломати. Тој останува на ставот дека мора да се поништи Преспанскиот договор. Апасиев рече дека треба да ги напуштиме преговорите со Бугарија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Влада: 24 април и 8 мај се неработни денови, се препорачува и приватниот сектор да не работи

Деновите кога ќе се одржат изборите за претседател на Македонија и за пратеници во Собранието се прогласени за неработни денови за сите граѓани на...

Пецаков уште еднаш им одговори на сите што сакаат да го оцрнат предизборно !

🗣Со оглед на тоа дека бев прозван од некои иницијативи и медиуми во врска со изградба на хотел во месноста Горица, а во интерес...

Голема акција во Идризово: Уапсени 17 затворски полицајци, веќе се однесени во Суд

Во голема акција во затворот Идризово утрово, уапсени се 17 припадници на затворската полиција, кои веќе се во Суд. Акцијата ја води Обвинителството за организиран...

О2: Мијалкови започнаа да градат луксузен хотел во Охрид, уништена шума стара 70 години

Во Охрид, над Горица 3 започнува градба на хотел, а за таа цел е унишена стара шума над 70 години која ја засадиле жители...