8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаМитовски ja најави кандидатурата за градоначалник: Доколку ме изберете мене ќе се...

Митовски ja најави кандидатурата за градоначалник: Доколку ме изберете мене ќе се откажам од градоначалничката плата и ќе ја донирам во хуманитарни цели.

spot_imgspot_img

Актуелниот секретар на Општинската организација на СДСМ од Крива Паланка, денеска ја најави својата кандидатура во матичната партија за градоначалник на Крива Паланка:
Почитувани Кривопаланчани, драги мои сограѓани, пријатели и пријателки…
На мое големо задоволство, сакам да Ви соопштам дека ја доставив мојата кандидатура и програма за градоначалник на Општина Крива Паланка за претстојните локални избори, кои што ќе се одржат во месец октомври, оваа година.
Токму Вашата силна подршка во изминатиов период за мојата кандидатура ја доживувам како огромна чест, но истовремено и како голема одговорност и обврска. Токму Вашата подршка е мојот најголем мотив да донесам ваква храбра и клучна одлука во мојот живот.
Анализирајќи ја работата на сите градоначалници заклучив дека за да бидеш татко на еден град се потребни две основни работи и тоа:
1.Првата работа е дека токму градоначалничката работа секојдневно бара МНОГУ ЕНЕРГИЈА, РАБОТА, ЖЕЛБА И ПОСВЕТЕНОСТ и
2.Втората работа е да се има СРЦЕ И ДУША за истата да ја исполниш.
За токму првата работа донесов Ваква храбра одлука бидејќи уште на самиот старт сум на многу чист и јасен став. Ви ветувам дека Крива Паланка ќе добие неуморен градоначалник кој ќе постави нови стандарди и принципи на работа. Ветувам целодневна достапност за секоја една единка, максимално ставајќи се во функција на сите Ваши потреби и желби. Секојдневно се обврзувам дека токму јас нема да бидам Вашиот градоначалник, туку ќе бидам Вашиот партнер и сервис на Вашите потреби. Затоа првата одлука која ќе ја донесам е дека приемен ден за странки нема да има само еден туку сите денови во неделата. Со самото мое доаѓање канцеларијата на градоначалник која во моментов се наоѓа на третиот спрат, ќе биде преместена долу на првиот спрат се со цел за полесна и секојдневна комуникација со граѓаните.
За втората потребна работа (СРЦЕ и ДУША) сакам уште на самиот старт да се изјаснам дека градоначалничката обврска ќе ја обавувам без да примам месечен надомест. Преку формирање на фондација, мојата плата како градоначалник во следните четири години целосно ќе ја донирам во истата. Средствата од фондацијата ќе се однесуваат и користат за помош на сите дечиња кои имаат финансиска и матерјална потреба и помош пред почетокот и за време на секоја учебна година за да можат и тие да ги имаат основните услови за безгрижно и успешно школување. Особено ова се однесува на дечињата чии родители или немаат или имаат ниски примања во Општината особено за дечињата од Ромското Мало ЕДИНСТВО и дечињата од периферните села каде се уште има училишта, како село Луке,село Огут,село Нерав и др. кои најчесто ги имаат овие потешкотии.
Исто така на првата седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе предложам да се донесе одлука со која јас и членовите на мојот кабинет ќе се откажеме од сите дневници, патни трошоци и репрезентации кои не следуваат а се предвидени со буџетот на Општина Крива Паланка, средства кои исто така ќе се слеат во новоформираната фондација, во која ќе можат да донираат и сите останати граѓани и стопанственици од Општината.
Почитувани,
Доколку ја добијам партиската подршка, но и доколку мнозинството од граѓаните преку спроведените анкети го делат истото мислење дека јас треба да бидам тој кој во наредните четири години ќе биде Вашиот градоначалник, Ви ветувам дека Крива Паланка ќе прерасне во едно урбано место достојно за живеење,нешто што Вие го заслужувате. Пред граѓаните ќе излезам со детална програма за секое населено место во Општината.
Охрабрен од Вас изготвив реална програма, која ќе биде презентирана пред Вас граѓаните од Општината, програма со која ќе понудам една поинаква Општина од досегашната.
На крај, би сакал да ја искажам мојата благодарност за довербата од моите сопартијци, за големиот број на предлози кои ги добив скоро од сите Месни одбори на ОО на СДСМ Крива Паланка.
Од срце благодарам и за подршката на моите сограѓани, кои што во изминатиов период дали преку Социјалните медиуми или пак во директни контакти со нив, секојдневно ми приоѓаат и несебично ја даваат својата безрезервна подршка да влезам во трка за градоначалник на Општина Крива Паланка.
Од ❤ Ви се заблагодарувам за целокупната поддршката и силно ВЕРУВАМ, дека ЗАЕДНО ќе испишеме една нова убава приказна за нашиот град.
Се на се Ви ветувам нуморна и посветена работа,со која ќе ги оправдам Вашата доверба и Вашите очекувања. Ви ветувам дека во следните четири години Општина Крива Паланка ќе биде менаџирана и ќе стане бренд во Македонија истотака како што во моментов тоа го отсликувам преку Етно Гостилница Воденица 3, познат угостителски бренд на Општината Крива Паланка, прочуена и позната од Охрид до Софија, од Струмица до Ниш.
Крива Паланка во ❤
#НајдобротоЗаНашатаОпштина

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...