7.1 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаПановски: Да се повлече одлуката за свадби барем во затворен простор, и...

Пановски: Да се повлече одлуката за свадби барем во затворен простор, и исто така да се прекинат било какви прослави во затворен простор.

Прво треба контрола на границите од земјите каде доминира делта сој. И на аеродромите и на границите треба да се размисли и за луѓето кои одат во Грција, но и особено за иселениците да не го прошират, вели микробиолоогот Никола Пановски на прашањето за тоа како може да се спречи шиење на делта сојот.

Според него треба да се повлече одлуката за свадби барем во затворен простор бидејќи и исто така да се прекинат било какви прослави во затворен простор.

– Ако се спречи влегување на вирусот ќе може да се контролира како што беше во Велес, но ако имате 100 случаи на ден, тогаш тешко дека ќе може епидемиолошки да ги следите и сите контакти да се спречат. Ова е минимум, бидејќи очигледно дека Комисијата освен економскиот интерес се надеваат дека голем дел од населението покрај малиот процент од 20% вакцинирани, се надеваат дека барем 70% биле во контакт со вирусот па дека ќе спречи ширење на делта сој. Тоа е повеќе надеж, отколку тврдење и не смее на тоа да се потпреме, рече Пановски.

Тој вели дека очигледно штом има слободен пристап за вакцинација и се оди на деца под 16 години, треба јавно да се каже оти е очигледно дека возрасна популација не прифаќа да се вакцинира.

– Не би рекол одбива, туку не се пријавува. Тоа не може да се компензира со деца оти тоа ќе биде од фамилии кои се вакцинирани, а тие кои одбиваат антиваксери и тие кои се плашат или незаинтересирани, тие нема децата да ги вакцинираат, ако самите не се вакцинираат, изјави Пановски за Телма.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...