8.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаУште една млада Ромка, бремена во осмиот месец била избркана од болница...

Уште една млада Ромка, бремена во осмиот месец била избркана од болница со зборовите: ”Maрш стоко една,излегувај надвор”

Уште една млада Ромка, бремена во осмиот месец, жртва на нееднаков и несоодветен третман од страна на лекар.
Уште една млада Ромка, бремена во осмиот месец, се соочила со нееднаков и несоодветен третман од страна на лекар. Чекала 3 часа иако чувствувала мачнини, малаксаност и нагон за повраќање, а добила само дрзок и дискриминаторски однос – и таа и нејзината мајка која ја придружувала.
Аниса е 21-годишна Ромка во осмиот месец од бременоста. Поради тоа што чувствувала мачнини во желудникот и малаксаност, се обратила на ургентно во СГАБ „Мајка Тереза“-Чаир. Кога пристигнала, веќе чекале две пациентки кои имале породилни болки. Во меѓувреме дошле уште две пациентки кои не биле Ромки не биле бремени.
Специјалистот прво ги примил пациентките со породилни болки. Аниса очекувала дека таа е следна, но специјалистот ја повикал другата пациентка која дошла по неа и не била бремена, за да ѝ закаже термин за оперативен зафат. Потоа ја повикал за преглед и следната пациентка којашто не била бремена. На Аниса ѝ се влошила состојбата и едната од медицинските сестри, согледувајќи ја нејзината беспомошност, ѝ донела кесе за да поврати.
По два часа чекање, лекарот ја повикал Аниса и ѝ рекол да почека бидејќи имал уште една пациентка за преглед.
По дваесет минути, докторот се вратил, а Аниса, изреволтирана од односот, со болка и треперлив глас му рекла:
– „Извинете докторе, но воопшто не е коректно од Ваша страна што навремено не ме прегледавте, навистина ми е многу лошо.“
Тој со дерење и заминувајќи од ординацијата ѝ рекол:
– „Срам да ти е, цело време акам по скаливе нагоре-надолу, а ти вака зборуваш. Е сега, поради ова, ќе си го чекаш специјалистот да те прегледа.“
Докторот излегол, Аниса почнала да плаче, а сестрите ја утешиле дека ќе ја прегледа друг доктор. Потоа се симнала докторката специјалист и откако завршила со прегледот, дошол истиот доктор кој не сакал да ја прегледа Аниса за да го потпише извештајот од прегледот. Во тој момент влегла мајката на Аниса, која револтирана со висок тон му укажала на некоректниот однос, по што тој ѝ се обратил со зборовите
– „Мрш стоко и излези надвор!“
Незадоволна од прегледот и неукажувањето на лекарска помош, Аниса се обратила во УГАК, на ургентно, каде што била соодветно примена и прегледана.
Аниса сега се чувствува добро, но е под лекарски надзор и е разочарана од искуството на клиниката во Чаир.
Случајот ќе се пријави од страна на Иницијатива на жени од Шуто Оризари и индивидуално од Аниса.
Сметаме дека е крајно време дискриминаторскиот однос со кој се соочуваат Ромките особено во здравствените институции, конечно да заврши, а грижата за здравјето на
Фб: Иницијатива на жени од Шуто Оризари
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...