6.8 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонија се приклучува на природен гас-Потпишан договорот за пренос на природен гас...

Македонија се приклучува на природен гас-Потпишан договорот за пренос на природен гас од Грција

Министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за животна средина и енергија на Грција, Костас Скрекас, денеска во Атина го потпишаа Договорот за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција-Северна Македонија.На средбата присуствуваше и премиерот Заев

„Ова е голем чекор напред кон подобрување на енергетската инфраструктура на нашата држава и тоа ќе придонесе за диверзификација во снабдувањето со природен гас, а секако и во стабилноста во снабдувањето со природен гас. Ова е многу важно не само за односите меѓу двете држави кои секојдневно се подобруваат, ова е важно посебно за економијата во нашата држава имајќи во предвид дека ќе се зголеми конкурентноста на нашите компании, ќе бидат намалени цените во делот на природниот гас, а секако ќе ни даде и дополнителна можност за тоа да го продолжиме и кај нашите северни соседи како што се Косово и Србија“, кажа министерот Бектеши по потпишувањето на Договорот.

„Потпишавме меѓувладин договор за изградба на гасовод за природен гас што ќе почнува од Неа Месимврија и ќе завршува во Гевгелија и на овој начин постигнуваме две работи. Прво, ја надградуваме геополитичката улога на Грција, со оглед на тоа дека уште повеќе ја зајакнуваме нејзината улога како енергетски крстопат, што од нашиот национален систем ќе пренесува природен гас во Северна Македонија и од друга страна на нашиот северен сосед му даваме можност да може да го намали влијанието врз животната средина, да ја постигне енергетската транзиција и постепено, да ги замени со природен гас позагадувачките облици на искористување на производството на електрична енергија и така, ова да придонесе и во општата европска визија, Европа да биде прв, климатски неутрален континент до 2050“, кажа министерот за животна средина и енергија на Грција, Костас Скрекас.

Вкупната вредност на овој проект изнесува околу 100 милиони евра. Од овие средства инвестицијата на Северна Македонија изнесува 54 милиони евра.

Во наредниот период следи потпишување на Договор за соработка помеѓу „Национални енергетски ресурси“ АД Скопје и Грчкиот национален оператор на гас ДЕСФА со којшто двете страни ќе гарантираат за изградбата на интерконекторот помеѓу двете држави.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...