5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаПавлески најавува: Ќе направиме фабрика за ЧИПС, исто така ќе има...

Павлески најавува: Ќе направиме фабрика за ЧИПС, исто така ќе има и милионски други инвестиции.

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески денеска најави дека во земјава ќе биде отворена првата фабрика за чипс.

Во тек се, рече Павлески, и контакти со неколку други компании за кои е извесно дека ќе инвестираат.

Според него, има преговори и со компанија во делот на автомотив индустријата чија инвестиција се проценува на повеќе милиони евра и која треба да отвори над 1.000 вработувања. Исто така е извесно дека до крајот на годината ќе почне со работа и компанија од услуги и сервиси која ќе отвори нови 500 вработувања со солидни плати.

-Сакам да испратам една охрабрувачка порака, дека економијата полека се враќа во нормален тек. Сепак, сѐ зависи од случувањата на светско ниво поради пандемијата. Покажавме отпорност како економија и мислам дека сме на добар пат. Има доста заинтересирани инвеститори, нашата држава е препознаена како добро подрачје за инвестиции кое нуди многу поволности. Во тек се неколку инвестиции, но имаме контакти и со неколку компании за кои е извесно дека ќе инвестираат. Може да најавам нова фабрика за чипс која ќе биде прва и единствена во нашата држава, друга во Битола ќе инвестира пет милиони евра во проширување на своите капацитети со над 100 нови вработувања, ќе го развиваат својот центар за истражувања и развој, истакна директорот откако претходно соопшти дека македонските компании може да се пријавата за наградите „go global” на Меѓунардониот трговски совет.

Иако имаше црни сценарија минатата година, рече Павлески, заврши со 206 милиони евра странски инвестиции. Тоа е за околу 15 отсто повеќе во споредба со 2017 година.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...

Давкова: Без Охрид, Македонија нема да биде почитувана! – порача таа од синоќешниот митинг.

На 9-ти мај, ќе ја славиме Македонија како твоја и Македонија како горда! Ви ветуваме дека ќе докажеме дека нема да ве срамиме, дека...

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...