7.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаСугарески се откажува од директор на Царинска управа, сега сака да биде...

Сугарески се откажува од директор на Царинска управа, сега сака да биде градоначалник на Прилеп.

spot_imgspot_img

Директорот на Царинската управа Горан Сугарески објави дека поднел кандидатура во партијата за градоначалник на Прилеп. Сугарески ,кој во минатиот владин состав беше министер за транспорт и врски, вели дека сега е најпотребен во неговиот роден град и затоа влегува во трката за партиски кандидат за градоначалник на претстојните локални избори.

„Заклучив дека сега сум најпотребен меѓу своите, во период кога предизвиците се најголеми. Влегувам во демократска трка за кандидат за градоначалник на Општина Прилеп на локалните избори. Доколку ја добијам довербата на моите сопартијци, сигурен сум дека како кандидат на СДСМ, заедно со жителите на Прилеп ќе оствариме заедничка сенародна победа“, напиша на својот Фејсбук профил Сугарески.

Тој од понеделник кога му истекува шест месечниот мандат нема да биде в.д. директор на Царинската управа. Вели самиот се повлекува од оваа функција за фер борба во партискиот избор на кандидат за градоначалник.

„Јас целата своја досегашна политичка кариера ја поминав како политички фајтер кој никогаш не задавал удари под појас. Затоа сметам дека е единствено исправно и политички коректно на истекот на шестмесечниот мандат на в.д. директор да прекинам да ја обавувам јавната должност во Царинската управа. Не сакам да оставам ниту трошка сомнеж дека на било каков начин ќе го злоупотребам моето учество во извршната власт за да влијаам на постапката за избор на кандидат за градоначалник“, вели Сугарески, кој од понеделник се враќа на своето работно место во Општина Прилеп.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...