18.9 C
Ohrid
сабота, септември 18, 2021
Почетна Македонија Заев до младите во Македонија: Не треба да чекате да направите 28...

Заев до младите во Македонија: Не треба да чекате да направите 28 или 29 години за да стапете во брак.

Translate (Eng):[gtranslate]

Очекуваме до крајот на годината бројката на невработеност да продолжи да паѓа под 16%“, изјави премиерот на државата и претседател на СДСМ – Зоран Заев, на партиската трибина во Валандово, откако претходно се пофали дека очекуваме оваа година да имаме раст на БДП поголем од 4.1%, а ова полугодие да го завршиме со раст помеѓу 5.5 и 6.5 проценти, притоа правејќи споредба со Германија – која очекува 3.2%, и Грција – која во првото полугодие очекува раст од 4.1%.

„Сите политики коишто ги развиваме ни даваат за право, на основа на приходната капацитетност на Вашиот народен буџет, да генерираме работни места доминантно за младите луѓе, за да успееме токму во таа кампања секој млад човек да тргне на работа. Дел со практикантство, да може прва практична едукација да добие работејќи некаде за полесно да се вработи, а дел директно на работа, дел може да има дополнителна едукација. И верувам дека ќе успееме да дадеме ангажман на сите млади луѓе“, истакна Заев, кој потоа им се обрати на младите:

„Само од нив бараме да не чекаат 28 – 29 години, кога стапуваат во брак – тогаш да побараат работа. Не! Кога завршиле образование, средно или високо, веднаш да почнат да бараат работа! Затоа што традицијата ни е таква – кога ќе дојде буквално дома семејството да се формира, тогаш се бара работа. Не! Родителите се тука и тие ќе помагаат. И баби и дедовци помагаат, но моторната движечка сила, генератор на раст и развој во секоја земја, така и кај нас, се младите луѓе“, категоричен беше тој.

РЕКЛАМА

„Затоа апелирам сите да се зафатиме со работа, да ја дигнеме продуктивноста во државата. Само така можеме да дочекаме европски плати да имаме овде во Северна Македонија“, додаде претседателот на СДСМ.

- Реклами -