5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаБожин Павловски до Зоран Заев: Дојди во Австралија да видиш зошто нашите...

Божин Павловски до Зоран Заев: Дојди во Австралија да видиш зошто нашите храмови остануваат без верници

Заев: Целиот свет нѐ почитува поради Договорот од Преспа.

Дијаспора: Дојди меѓу нашите во дијаспората и провери.

Вака академикот Божин Павловски ја почнува својата реакција на последните случувања во Австралија и официјалното барање на Австралискиот хеленски совет до владата во Канбера за доследно почитување на она што е запишано во Договорот од Преспа.

Зошто нашите млади луѓе ги напуштија македонските културно уметнички друштва?

Зошто нашите храмови остануваат без верници?

Зошто активистите што согоруваа на терен борејќи се за одржување на јазикот, традициите и својата прва татковина чекорат со наведната глава.

Дојди токму во мигов.

За изворно да се запознаеш со писмото на грчките организации во прекуокеанските земји во кое тие бараат од овдешните влади прекрстување на Македонците во Македонословени.

И, со оглед на тоа што Грците ќе успеат во тоа што го бараат, провери дали потоа ќе исчезнат сите 500 македонски иселенички друштва, организации и социјални клубови.

Овие добри луѓе што не трошат ниту денар од буџетите на нашата држава, но живееја како пчели што се враќаа дома со дел од нектарот, се единствените купувачи на твоите ајвари, пинџури и други производи (Грците си увезуваат свои)“, му пишува Павловски на Заев.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...