14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: И сами можете да видите каква почит ни дава целиот свет...

Заев: И сами можете да видите каква почит ни дава целиот свет поради политиките кои ги градиме..

Можете да видите каква почит и поддршка ни дава целиот свет поради политиките кои ги градиме. Северна Македонија никогаш немала ваква поддршка и почит и тоа треба да го искористиме. Аманет ни е да направиме и да оставиме повеќе за нашите деца“ рече премиерот Зоран Заев на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Валандово.

Тој додаде дека земјава продолжува да биде премиер со пријателските политики што ги негува и со решавањето на историски прашања.

„Сите договори што ги постигнавме и дома и надвор и политики кои ги водиме се поради економијата. Постигнавме убав баланс и еднакво општество за сите, за да имаме мир и стабилнсот, за подобар економски стандард“ рече Заев.

Тој додаде дека освен успехот на меѓународен план, во изминатите 4 години има постојан раст на минималната и просечната плата.

„Резултатите ги имаме, нема веќе плати по 8 и пол, 9 илјади. Минималната плата пред 4 години беше 9 илјади, а денес е над 15 илјади. Тоа направи и сите други плати да растат. Пред 4 години просечната плата беше 22.500, а денес изнесува над 28 илјади“ рече Заев.

Премиерот додаде дека освен растот на платите, продолжува и враќањето на парите кај граѓаните и кажа дека годишно се враќаат во просек по 800 милиони евра.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...