11.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаБугарскиот претседател до Заев: Сами мора да си ја тргнете блокадата..

Бугарскиот претседател до Заев: Сами мора да си ја тргнете блокадата..

Бугарскиот претседател смета дека политиката на Бугарија кон Северна Македонија не зависи од тоа која влада е на власт и каков ќе биде парламентот, туку од водењето отворен конструктивен дијалог меѓу Скопје и Софија,,

Претседателот на Бугарија, Румен Радев ги коментираше односите и преговорите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, откако денеска гласаше на изборите во Софија.

На прашањето дали новата влада ќе ја смени својата политика кон Скопје, бугарскиот претседателот изјави:

– Политиката на Бугарија кон Северна Македонија не зависи од тоа која влада е на власт и каков ќе биде парламентот, туку од водењето отворен конструктивен дијалог меѓу Скопје и Софија и тој треба да се води меѓу двата главни града. Не во Брисел или Париз, и зависи од критериумите што ќе ги исполни Скопје за членство во ЕУ.

Радев е категоричен дека земјава сама треба да го одблокира процесот.

– Нашите пријатели од Северна Македонија и раководството на земјата мора самите да ја отстранат блокадата.Таа не е бугарска, потребни ни се вистински, одржливи резултати за членство во ЕУ, за промена на учебници, споменици со нивни натписи, музеи, јавни медиуми, за искоренување на говорот на омраза – кога ќе падне границата, нашите млади не треба да се мразат – изјави тој.

Радев потенцира дека тоа не зависи од Бугарија, туку од државата, Република Северна Македонија, која мора да има јасни и одлучни активности.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Владата заклучи: 24 април (среда) и 8 мај да бидат неработни денови за сите граѓани

На 16. седница, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на...

Да бидеме хумани! Апел за помош на Сашо Лазаровски кој по вторпат се бори со рак

Сашо Лазаровски има потреба од нашата помош. Битолчанецот, кој еднаш го победи ракот на белите дробови, сега повторно води тешка борба со оваа опака...

Таравари: Ќе гo забраниме коцкањето и брзите кредити, идната Влада ќе ги покрива долговите на граѓаните од брзи кредити“, рече Таравари

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари денеска оствари важна посета на градот Струга, каде се разговараше за различни прашања во заедницата, почнувајќи од здравствените работници до...

Давкова: Денес во Валандово се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов.

Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов. Имавме можност да поразговаравме за многу...