11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаД-р Исјановски: Ве молам не се туркајте,сите ќе бидете вакцинирани

Д-р Исјановски: Ве молам не се туркајте,сите ќе бидете вакцинирани

Метежи пред влезовите на скопските поликлиники имаше уште од утринава, откако почна вакцинацијата против ковид-19 без закажување термин. Поради метежот пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, превентивно интервенираше полицијата, а од МВР велат дека досега нема пријава за инциденти
Граѓаните да бидат трпеливи и да не создаваат гужви пред вакциналните пунктови, апелира директорот на Здравствен дом Скопје, д-р Виктор Исјановски, коментирајќи го денешниот метеж пред скопските поликлиники откако започна вакцинација против ковид-19 без закажување термин.

Во изјава за ТВ Телма, Исјановски вели дека вакцинирањето нема да трае само еден ден и дека граѓаните имаат можност кога сакаат во текот на денот да дојдат на вакцинација.

„Не можам да ви кажам зошто се случуваат турканици, можеби луѓето гледаат да го искористат поладниот дел од денот и да дојдат во утринските часови. Сметам дека граѓаните не треба да прават поголеми гужви. Ова не е само еден ден. Ова ќе трае и во било кој период од денот, во прва и втора смена, граѓаните може да одат да се вакцинираат. Не знам зошто се создаваат гужви. Не би требало да се создаваат гужви и затоа напоменувам граѓаните да бидат трпеливи. Не почнавме со вакцинација денеска прв пат, па да се создаваат гужви. Но, ако има потреба би побарале помош од полицијата или војската за создавање на ред“,вели Исјановски.

Дел од граѓаните кои чекаа вакцинација пак, пред медиумите изразија револт од организацијата на процесот и се пожалија дека со часови чекаат да дојдат на ред за вакцина.

Гужви пред влезовите на скопските поликлиники имаше уште од утринава. Поради метежот пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, превентивно интервенираше полицијата, а од МВР велат дека досега нема пријава за инциденти.

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се бара механизам за одржување на ред пред пунктовите за вакцинација, а ако има потреба, рече дека ќе се ангажира и Армијата.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...