11.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаврши „Брза кујна“, а еве која ќе биде водителка на новата 7-...

Заврши „Брза кујна“, а еве која ќе биде водителка на новата 7- ма сезона

spot_imgspot_img

Кулинарското шоу „Брза кујна“ е најпопуларното шоу од ваков тип во Македонија, па гледачите уживаат секојдневно да ги гледаат шефовите Марк и Никола како подготвуваат разни специјалитети направени од намирници донесени од учесниците во шоуто.

Покрај тоа што не учат на прекрасни јадења, трикови од домакинството и ни даваат разни идеи за ручек, тимот шири позитивна енергија и токму поради тоа станаа омилени тв ликови.

А како што велат, добриот тим не се менува, односно шефовите во кулинарското шоу не се менуваа, освен водителките, но и тоа од една сосема оправана причина.

Така првата сезона на кулинарското шоу го водеше Билјана Максимовска на чие место набрзо дојде Александра Илиевска.

Александра беше водителка се до септември претходната година кога на нејзино место се појави водителката Сава Савеска.

Имено,Илиевска со причина не беше дел од новата односно 6-та сезона на „Брза кујна. Таа остана бремена и токму поради тоа се повлече од ТВ екраните во ова време на здравствена криза.

Савеска се најде пред нов предизвик, па брзо се вклопи со Марк и Никола и одлично функционираа како тим, а новата водителка беше прифатена од страна и на гледачите.

Меѓутоа, во петокот заврши уште една успешна сезона, а на есен ќе започне ново продолжение.

По тој повод, добро познатиот тандем односно готвачите Марк и Никола, како и водителката Сања се обратија до нивните фанови, се заблагодарија за поддршката, но и открија кој ќе ја води „Брза кујна“ во 7- ма сезона.

-Драги наши денес завршува 6-та сезона на најгледаното кулинарско шоу, Брза Кујна.Имавме навистина прекрасна дружба со сите наши асистенти. Премногу убави моменти споделивме заедно со сите вас, ни дававте позитивна енергија, а искрено се надеваме дека и ние успеававме секојдневно да ве расположиме. Огромна благодарност до целиот тим на ТВ Сител кој неуморно работеше во реализацијата на секоја епизода од оваа сезона. Следува одмор за сите , а во следната 7ма сезона ве очекуваме повторно , освежени и одморени во нови кулинарски авантури со омилените шефови, Марк и Никола и нивната и ваша домаќинка и водителка Сања. Ви благодариме на сите за довербата ,ве сакаме сите,чувајте се и бидете секогаш насмеани и среќни“, напишаа на нивната ФБ страница.

 

Инаку, Александра во јануари стана мајка, неодамна шеф Никола стана татко, а шеф Марк официјално заплови во брачните води со неговата сега веќе сопруга Василка.

Извор: Вистина.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...