13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаЗабаваПатничка во авион на Американ ерлајнс залепена со селотејп за седиште, сакала...

Патничка во авион на Американ ерлајнс залепена со селотејп за седиште, сакала да ја отвори вратата.

Патничка во авион на Американ ерлајнс била залепена за седиштето, откако таа, наводно го нападнала персоналот и се обидела да ја отвори вратата за време на летот.

Видеото, објавено на Интернет, покажува жена со леплива лента над усните, додека рацете и телото се исто така залепени за седиштето.

Исто така, се слуша како вика: „Ти, ти, ти!“ додека патниците минуваат покрај неа на излезот од авионот, а вработените мирно ги поздравуваат, пренесува „New York Post“.

Двочасовниот лет на 6 јули од аеродромот во Далас, Тексас до Шарлот во Северна Каролина беше одложен најмалку три часа, за конечно да полета на полноќ. Сепак, еден час по поаѓањето, во авионот избувна хаос, според описот на видеото објавено на ТикТок.

Една од патничките вели дека вработените ги запалиле светлата и почнале да трчаат низ патеката, проверувајќи го тоалетот и торбите над главата на патниците.

– Никој не знаеше што се случува сè додека пилотот не се обрати и не им рече на луѓето да останат на своите места, а потоа тој повика на лоша состојба во авионот – вели патничката.

Наскоро дознале дека една патничка изјавила дека мора да излезе од авионот, а потоа почнала да удираат по влезната врата, велејќи им дека мора да ја пуштат.

– Мислам дека беа потребни пет члена на персоналот за да ја совладаат. Ја ставија на седиштето и ја лепеа со леплива лента – објасни таа.

Американскиот авиопревозник го потврди инцидентот, велејќи дека жената нападнала и гризнала член на екипажот откако се обидела да ја отвори вратата.

– Ја ограничивме заради безбедноста и безбедноста на другите патници и на нашиот екипаж – соопшти компанијата.

Откако авионот слетал, работниците од брзата помош ја чекале патничката и ја однеле во локалната болница.
плусинфо

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...