4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаТрифонов им ветува на Бугарите: Ќе испратам „северномакедонски“ астронаут во Вселената

Трифонов им ветува на Бугарите: Ќе испратам „северномакедонски“ астронаут во Вселената

За да не се гледаме надолу во Земјата, од срам, туку да почнеме да гледаме нагоре кон ѕвездите – рече Трифонов.

Бугарскиот лидер на Има таков народ, Слави Трифонов, чија партија е во тесна трка по освоените гласови со партијата на Бојко Борисов на парламентарните избори во Бугаирија, на народот му вери изградба на градинки, патишта, болници, а исто така посочи дека голема желба му е во Вселената да испрати еден бугарски и еден „северномакедонски“ астронаут, објави бугарскиот портал Факти.

– Ќе направам сè што е возможно за да испратам маж и жена во вселената и тие да бидат првите бугарски астронаути во НАСА. Ќе направам сè што е возможно кон нив да се присоедини и еден северномакедонски астронаут. За да не се гледаме надолу во Земјата, од срам, туку да почнеме да гледаме нагоре кон ѕвездите – рече Трифонов.

Тој додаде дека неговата партија нема да прави коалиција со никого, бидејќи, како што рече, самиот збор коалиција веќе имал лоша перцепција во јавноста.

Трифонов најави дека ќе предложи кандидати за состав на Влада, но во Собранието нема да бара поддршка од останатите партии, туку останува на нивната волја дали ќе го поддржат или нема да го поддржат.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...

Ковачевски најавува победа со над 61 пратеници на парлементарните избори

СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе...

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...