7.4 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЌе има тендер за 5Г во Македонија: Четири компании покажале интерес.

Ќе има тендер за 5Г во Македонија: Четири компании покажале интерес.

АЕК на 1 јуни годинава објави намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање за издавање ограничен број одобренија за користење на радиофреквенции и отвори јавна расправа која траеше до 5-ти месецов.

Компаниите Неотел, Битстрим Мобиле, Македонски телеком и А1 Македонија до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) испратиле писма за искажување интерес за учество на тендерот за доделување одобренија за користење радиофрекфенции за петтата мобилна генерација 5Г, што треба да го објави регулаторното тело.

Неотел искажува интерес за одобренија: В41, В44, В45 и В46, Битстрим Мобиле за одобренија А1 и В1, А1 Македонија за Одобренија: А2, А3, В2 и В3, а Македонски Телеком за одобренија: В2, А2 и/или А3. Во прилог на писмата за искажување интерес, заинтересираните страни доставиле и предлози и
коментари по однос на јавната расправа https://aek.mk/wp-content/uploads/2021/07/20210708-Rezultati-od-javna-rasprava.pdf

Имајќи ги во предвид Резултатите од јавната расправа по објавената Намера и пројавениот интерес за Одобренијата кои треба да се доделат, а во согласност со член 134 став (6) АЕК ќе објави јавен тендер со јавно наддавање – најавува АЕК.

Регулаторното тело на 1 јуни годинава објави намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање за издавање ограничен број одобренија за користење на радиофреквенции и отвори јавна расправа која траеше до 5-ти месецов.

Операторите што ќе добијат одобрение за национално покривање се должни со новоиздадените и постоечките одобренија за користење на радиофреквенции да обезбедат покриеност, согласно Националниот оперативен бродбенд план. Конкретно, до крајот на 2023 година најмалку еден град да биде покриен со 5G сигнал, а до крајот на 2025 година, главните коридори согласно Договорот за основање на транспортна заедница на основната и сеопфатна патна мрежа во државата да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал. До крајот на 2027 година сите градови во државата да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал, а до крајот на 2029 година, секој граѓанин да има можност за пристап до интернет преку 5G со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик. (Видео)

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци...