23.3 C
Ohrid
среда, август 4, 2021
Почетна Македонија СДСМ: Ова се кандидатите за градоначалници- Шилегов, Халими, Смилевски, Темелковски,Константин Георгиески,

СДСМ: Ова се кандидатите за градоначалници- Шилегов, Халими, Смилевски, Темелковски,Константин Георгиески,

Translate (Eng):[gtranslate]

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва ги обелодени имињата на првите неколку кандидати за градоначалници на престојните локални избори кои беа утврдени на седница на извршниот одбор на партијата.

Петре Шилегов, актуелниот градоначалник на Скопје повторно ќе влезе во трката за татко на главниот град.

За Арачиново повторно е кандидирана актуелната градоначалничка Миликије Халими, за Бутел Велимир Смилевски, за Богданци Блаже Шапов, за Валандово Перо Костадинов, за Босилово Зоран Зимбаков.

РЕКЛАМА

Во Вевчани во трката ќе влезе Сашо Јанкоски, Виница- Ивица Димитров, Градско- Роберт Бешовски, Делчево- Горан Трајковски Охрид Константин Георгиески

За Демир Капија битка ќе бие Лазар Петров, за Дојран Анго Ангов, за Зелениково Борче Гиевски, за Карабинци Јордан Насев, за Кисела Вода Филип Темелковски, за Конче Благој Илиев.

- Реклами -