6.8 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаНад 30 илјади картички за патарина поделени на српските граѓани кои транзитираат...

Над 30 илјади картички за патарина поделени на српските граѓани кои транзитираат кон Грција

На српските државјани кои транзитираат низ земјава им се поделени повеќе од 30 илјади картички за да можат бесплатно да ги поминат патарините на автопатот од Куманово до Гевгелија, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Според Спасовски, тоа е добар гест на пријателство и соработка и потсети дека тоа беше владина одлука како знак на благодарност за она што го направи Владата на Србија за вакцинација на македонските граѓани.

„Се прават анализи за да може да се воспостави правна рамка за да има само една контрола на излез и на влез. Во оваа прва фаза има подобрување, но не е она што можеме до крај да го очекуваме, затоа сме со постојана комуникација со МВР на Србија за да можеме овие би рекол негативности што се појавуваат да ги отстраниме и да имаме подобар проток на лица и на стоки генерално“, изјави министерот Спасовски, кој денеска заедно со претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска го посетија граничниот премин Табановце во рамки на кампањата ,,Вози одморен“.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...