11.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаНови Детали: Забранета љубов НЕ била причина за двојната трагедија во Штип,...

Нови Детали: Забранета љубов НЕ била причина за двојната трагедија во Штип, жртвите биле сопружници.

Сопружници од Штип и од селото Аргулица  кои живееле одвоено се обесија за 24 часа еден по друг. Вчера се обеси 25-годишниот штипјанец Т. С., а денеска и неговата 22-годишна сопруга A. К. од селото Аргулица. Од Јавното обвинителство велат дека не станува збор за недозволена љубов, туку самоубиствата се поради поради некои други недоразбирања на младите сопружници кои се разделиле и  последнава година не живееле заедно, пренесува СДК.МК.

Портпаролката на СВР Штип Гордана Панајотова рече дека момчето било најдено обесено вчера околу 10 часот во близина на Архелошкиот локалитет Баргала, а неговата сопруга била пронајдена обесена денеска околу 9 часот во помошна просторија во селото Аргулица.

-Роднини и пријатели на момчето, кое е син на штипски полицаец, велат дека тој бил разочаран што се разделил од сопругата, па кога дознал дека нејзините сакале да ја омажат за друг решил да се самоубие. Кога дознала за неговата смрт и сопругата одлучила да се самоубие, во една помошна просторија од нивната куќа во селото Аргулица. Основен јавен обвинител кој извршил увид на местата на самоубиствата работи и на утврдување на причините и мотивите за самоубиството, пишува порталот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...

Неважечки ливчиња има тројно повеќе од гласови за Стевчо

Од вкупно обработени 50,86% избирачки места вкупно гласале 434.897 гласачи, од кои важечки се 421.722 избирачки ливчиња. Вкупниот број на неважечки ливчиња е 11.539...

Првичните официјални резултати во општина Дебрца: ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ 377

На Претседателските избори во Македонија ВМРО ДПМНЕ води со огромна разлика. Шило Магазин ги доби и официјалните резултати од Општина Дебрца- ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ...