6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаДетали за трагедијата во која згаснаа два живота: Откриено зошто двајцата сопружници...

Детали за трагедијата во која згаснаа два живота: Откриено зошто двајцата сопружници си ги одзеле животите.

Сопружници од Штип и од селото Аргулица  кои живееле одвоено се обесија за 24 часа еден по друг. Вчера се обеси 25-годишниот штипјанец Т. С., а денеска и неговата 22-годишна сопруга С. К. од селото Аргулица. Од Јавното обвинителство велат дека не станува збор за недозволена љубов, туку самоубиствата се поради поради некои други недоразбирања на младите сопружници кои се разделиле и  последнава година не живееле заедно, пренесува СДК.МК.

Портпаролката на СВР Штип Гордана Панајотова рече дека момчето било најдено обесено вчера околу 10 часот во близина на Архелошкиот локалитет Баргала, а неговата сопруга била пронајдена обесена денеска околу 9 часот во помошна просторија во селото Аргулица.

-Роднини и пријатели на момчето, кое е син на штипски полицаец, велат дека тој бил разочаран што се разделил од сопругата, па кога дознал дека нејзините сакале да ја омажат за друг решил да се самоубие. Кога дознала за неговата смрт и сопругата одлучила да се самоубие, во една помошна просторија од нивната куќа во селото Аргулица. Основен јавен обвинител кој извршил увид на местата на самоубиствата работи и на утврдување на причините и мотивите за самоубиството, пишува порталот. СДК.МК.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...