1.9 C
Ohrid
недела, февруари 16, 2025
ПочетнаМакедонијаЕјуп Рустеми - Со новиот пат од Скопје до Охрид ќе се...

Ејуп Рустеми – Со новиот пат од Скопје до Охрид ќе се вози со 130 километри на час

spot_img

Оваа година ќе започне изградбата на коридорот 8, а до крајот на 2025 ќе имаме автопат до граничниот премин Ќафасан, најави директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми. Тој очекува градежните работи да се реализираат во предвидените рокови пишува Фокус.

<

-Сега се отвора патот Владата да формира комитет кој треба да започне преговори со компанијата Бехтел и Енка, за да имаме договор за почеток на работата на овие делници што е предвидено и со законот кој вчера помина во Собранието на Северна Македонија. Врз основа на овој закон се предвидува да се комплетира коридорот 8 почнувајќи од Тетово до Гостивар, бидејќи сегашниот автопат Тетово –Гостивар не ги исполнува условите според европските стандарди – истакна Рустеми на ТВ 21.

Тој одби да дава проценки за вредноста на проектот, но, како што нагласи, во секој момент граѓаните ќе бидат информирани транспарентно.

-Ние зборуваме за изградба на автопат на највисоко ниво, по европски стандарди а кога ги имаме предвид европските автопати кои дозволуваат брзина и до 130 км/ч и возејќи со таква брзина, а имајќи ја предвид и безбедноста на учесниците во сообраќајот, јас верувам дека многу брзо граѓаните ќе стигнуваат од Скопје до Охрид – посочи Рустеми.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Македонија ќе се одржи натпревар во јадење ќебапи – Наградата е 500 евра!

Натпреварот е можност за учесниците да ги покажат своите вештини и да се борат за главната награда, која изнесува 500 евра. Доколку уживате во вкусот...

Жена од Гостивар физички нападнала полицаец во кафана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Г.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење...

Заев за Груевски: Колку треба човек да е забеган во умот да поверува дека градам кула во ДУБАИ.

Откако поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук од Будимпешта изнесе тврдење дека експремиерот Зоран Заев „започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи“,...

Објава на Груевски: Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Поранешниот премиер Никола Груевски во објава на Фејсбук тврди дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над...