10.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаСветГерманија - Ако пукне браната во близина на Келн ќе има катастрофални...

Германија – Ако пукне браната во близина на Келн ќе има катастрофални последици

Досега околу четири и пол илјади луѓе ги напуштија поплавените региони и тешко дека ќе се вратат наскоро во своите домови бидејќи синоптичарите најавуваат нови врнежи. Инженерите и пожарникарите извлекуваат вода од резервоарот на браната цела ноќ, намалувајќи го нивото на водата за околу два сантиметри.

Локалните власти утрово издадоа соопштение во кое се вели дека ситуацијата е стабилна, но сепак е многу опасна. Водата сеуште се испумпува, а кракот на автопатот 61 е затворен заради безбедност.

Браната е изградена помеѓу 1934 и 1936 година, а детално е обновена од 1998 до 1990 година. Резервоарот опфаќа повеќе од четиринаесет хектари земја, и во својата најдлабока точка, има длабочина од 17 метри и има капацитет од еден милион кубни метри вода . Се стравува дека и другите брани во областа се во опасност од пукање поради обилните врнежи од дожд.

Жителите на Германија се ужаснати од сцените на поплавите во кои загинаа повеќе од сто луѓе, повеќе од 1.300 се уште се водат за исчезнати, а стотици станбени и деловни објекти исчезнаа од лицето на земјата.

Некои го споредуваат нивото на пустош со штетите во Втората светска војна

Image wikipedia

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...