9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаЕстрадаАко треба да платиме данок на бакшиш, не се исплаќа да пееме!

Ако треба да платиме данок на бакшиш, не се исплаќа да пееме!

Откако кон крајот на минатиот месец Владата најави формирање на комора на естрадни уметници, со која би се ставил ред на естрадата и би се намалила сивата економија, музичари кои настапуваат во локали во земјава, велат дека имаат нова мака.

 

Имено, според владината најава, би се формирала Комора која би издавала лиценци за работа на естрадните уметници, со цел да се регулираат нивните настапи, но и примања. Голем број на музичари сега изразуваат загриженост околу тоа што всушност би значеле тие лиценци за настапи, колку данок ќе треба да плаќаат на државата од настап, но прашуваат и дали државата ќе им го оданочува бакшишот. Најчестите реакции по повод бакшишот се дека тоа е всушност подарок кој им го даваат гостите во локалите, и како никој нема право да им го оданочува. Сепак, и бакшишот е еден вид на заработка, а според закон, секоја заработка подлежи на данок, па целата ситуација покрена низа на прашања од страна на естрадните работници.

 

-Ова е поради колегите кои за време на пандемијата постојано се жалеа на беспарица и бараа државна помош. Синоќа доаѓаше полиција по локалите и добивме информација дека секој музичар треба да има лиценца за настап и да ја приложи точната сума на бакшиш. Дали сте свесни што направивте? – пишува на својот профил младата пејачка Марија Луиса, а голем број од нејзините колеги се согласуваат со неа.

 

 

Коментираат дека не им е исплатливо да настапуваат, доколку треба да платат данок на хонорарот, но и на бакшишот, за кој тврдат дека никој не смее да им го контролира.

-За хонорар од 50 евра, треба 1.000 денари за шминка, 2.000 денари за фустан, па плус и ако треба да се настапува и патува во друг град… Колку ќе остане за нас и зарем бакшишот ќе ни го поткуси државата?- прашуваат вознемирено. Повеќе од нив ги споделија своите грижи и со „Фокус” во потрага по одговори на прашањата околу оданочување на бакшишот, без кој велат дека не им се исплати да настапуваат.

 

-Какви се овие промени во работењето на естрадните уметници и дали некој има законско право да ни го контролира бакшишот? Има музичари кои не настапуваат за хонорар, туку со газдите на локалите се договараат да пеат само за бакшиш, разни ситуации има, во зависност од настап. Кој би можел точно да не информира, прашуваат.

 

 

Одговорите на нивните прашања поврзани со лиценците за настапи, но и околу темата која најмногу ги засегна, дали ќе треба да се плаќа данок и на бакшиш, за „Фокус” ги дава претседателот на Здружение на естрадни уметници, Горјан Стојановски, кој вели дека нема место за паника помеѓу музичарите. Појаснува дека мора и естрадата да функционира правно и законски, во рамки кои ќе бидат поставени во Музичката комора, која е на повидок.

 

 

-Легитимирање на работник од страна на предодредена институција во секоја професија е нормално, законски и во редовна пракса. Водев ресторан три години, и најмалку два пати во годината доаѓаше инспекција во контрола, како за фискализација, така и за проверка на работен однос на вработените. Секогаш како со потсмев прашуваа за музиката, на кој начин е регулирана, но одговорот секогаш беше ист, во процес е законот. Музичарите чекаат државата да им го регулира статусот, државата чека музичарите да се организираат и дадат законски рамки, правно поддржани во кои би функционирале како што најмногу им одговара нив, и така се пролонгира нешто кое навистина е неопходно и доцни со децении-појаснува претседателот на ЗЕУМ.

Додава дека тој е растен во музичка фамилија и доживеал и гледал многу убави времиња во музичкиот свет, кои покрај добрата заработувачка биле крунисани со почит од највисокиот општествен слој, па се до обичниот граѓанин. Вели дека зада се вари таа почит и тие времиња, потребно е правно и законско функционирање, кое ќе биде поставено во рамките на Музичката комора која е на повидок.

-Здруженијата немаат овластување да даваат лиценци, за разлика од Комората, па така летово ќе помине само со легитимирање на музичарите преку нивните членски книшки. Што се однесува до даночење на бакшиш, ќе почекаме можеби уште триесет години, се додека се фискализира се во државата, па тогаш и бакшишот- вели тој, појаснувајќи дека и кога ќе биде со договор музиката, бакшишот е пак нешто плус, врз кое нема начин како да се има контрола, а според него, не би требало ниту да има. -Хонорарот и бакшишот се различни работи. Бакшишот е награда за одработеното и секогаш ќе биде на рака – изјави Стојановски.

 

Околу Музичката комора која е во најава, додаде дека ќе работи на тоа да се надополнат или променат некои закони, а посебно да се регулираат настапите на музичари од странство, кои се редовни во земјава.

Да се забрани давање на општински пари за странски гости, и тие да бидат платени од спонзори, а кога продукции организираат концерти на странски гости, процент од нивниот хонорар да биде уплатен во Комората. Потенцира дека е крајно време да се стави ред на естрадата, со што ќе бидат заштитени самите музичари.

Извор/Фокус

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...