5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаМакрадули: Треба да вработиме 50 нови луѓе во пошта, многу ни заминаа...

Макрадули: Треба да вработиме 50 нови луѓе во пошта, многу ни заминаа во пензија, а другите земаат неплатен одмор.

Подобрување на технолошкиот процес во Пошта е приоритет и на генералниот директор, Јани Макрадули и на Управниот одбор, а за тоа има потреба од 50-тина нови вработувања. Сепак, во овој период не се планираат толку вработувања, но се чекаат согласности.

Како компанија имаме потреба од нови вработувања, но се уште немаме објавено оглас. Старосната структура во Пошта е многу висока и 56 луѓе веќе заминаа во пензија, повеќето од нив со високо образование. Во овој период има и многу поштари разнесувачи кои го оствариле правото на пензија и заминуваат. Мораме да најдеме решение, бидејќи согласно Законот за поштенски услуги во секоја од 340-те поштенски единици мораме да имаме и поштари”, рече Макрадули по денешната работна посета на Поштата ЕПМ 1013, Шуто Оризари.

Според него, освен одењето во пензија, имаме и една појава што влијае на одвивањето на технолошкиот процес , а тоа е неплатеното отсуство.

„Согласно законот и колективниот договор повеќе луѓе го користат правото на неплатен одмор во траење од три месеци. Тоа е една негативна појава која не е присутна само кај нас, туку ја има во многу институции. Проверуваме каде се тие луѓе и дали се во државава, но сепак законот им дозволува и затоа во овој момент трпи одреден дел од доставата”, рече Макрадули.

Нагласи дека има и одредени места низ државата каде нема внатрешен кадар со високо образование што може да го префрлат или да го преместат.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...