10 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаПолицијата заедно со родителите во патрола: Каде излегуваат и како се забавуваат...

Полицијата заедно со родителите во патрола: Каде излегуваат и како се забавуваат младите во Охрид и Струга. (ФОТО)

Во периодот 16/18.07.2021 од 22 до 02 часот, СВР Охрид, на подрачјето на Охрид и Струга, спроведе превентивна кампања „Соседска патрола“.

Притоа, како што вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, мешани патроли составени од полициски службеници од Отсекот за превенција, претставници од Советот на родители во основните училишта, од Секторот за образование при локалната самоуправа во Охрид, извршија превентивна обиколка на повеќе угостителски објекти во централното градско  подрачје, но и на периферијата од градот, како и на други јавни места на отворен простор каде, во ноќните часови младите најчесто се собираат и задржуваат.

-Целта на кампањата е родителите да видат каде нивните деца излегуваат, како и во каков амбиент младите се забавуваат во ноќните часови, какви се условите каде што излегуваат, кои угостителски и други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се проблемите кои можат да се случат во текот на ноќните забави и како полициските службеници практично ги применуваат своите полициски овластувања, истакна Димоски.

Во рамките на кампањата, полициските службеници разговораа со младите и легитимираа повеќе гости во угостителските објекти, а малолетните лица посебно беа информирани околу законските обврски кои мора да се почитуваат.

-Проектот „Мешани патроли“ има за задача преку широка општествена акција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места, како и доследно да се почитуваат законските одредби, пред се, од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, додава Димоски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...