8.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаСДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се противеше на зголемувањата на платите.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се противеше на зголемувањата на платите.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се противеа на зголемувањата на плати и пензии, на проектот Мој ДДВ, а денеска лажат дека ќе враќале пари кај граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ е партија која знае само да граба од граѓаните, да ги краде парите и да ги троши на непродуктивни и криминални проекти.

Оваа партија предводена од Христијан Мицкоски која денеска лаже дека ќе враќа пари кај граѓани, се противеше на секоја мерка што обезбедува повеќе пари во семејствата.

ВМРО-ДПМНЕ се противеше на зголемување на минималната плата која денеска е за над 6.000 денари повисока, се противеше на зголемувањето на пензиите кои во просек се зголемени за 2.000 денари за овие четири години.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа против воведување на евтина дневна тарифа на струјата која токму тие ја укинаа, беа против проектот Мој ДДВ со кој за две години се вратија 36 милиони евра кај 400.000 граѓани.

Ако Мицкоски навистина е за враќање пари, воопшто нека не чека, нека почне во сопствената партија, преку враќање на парите што Груевски ги земал од членарините за да купува плацови на Водно.

ВМРО-ДПМНЕ веднаш да ги врати милионите за кои се обвинети функционери на партијата и за кои дел веќе има пресуди. Мицкоски веднаш со Груевски да ги врати од Белизе парите кај граѓаните.

Граѓаните гледаат и прават разлика кој враќа пари назад а кој грабаше и крадеше од нив за сопствено богатење.

Таа разлика граѓаните ќе ја потврдат на претстојните избори кога ќе одберат да продолжи развојот и напредокот со СДСМ и уште еднаш ќе ги поразат криминалните и деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски“, се наведува во соопштението.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна навреме и без проблеми

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат...

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...

Боки 13: Сакам Лила да ја плукнам, ама не, мојата плунка е повредна од неа !!!

Боки 13 во поткастот наа Лазаров се осврна и на пријателството со Лила Филиповска за која кажа дека кога би ја сретнал, не би...