16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаДали и Охрид го чека иста судбина?-Унеско му го одзема на Ливерпул...

Дали и Охрид го чека иста судбина?-Унеско му го одзема на Ливерпул статусот на светско културно наслество.

Во јули на Конференцијата на УНЕСКО на тапет покрај статусот на заштитеното охридско крајбрежје ќе се најде и пристаништето во Ливерпул, каде властите планираат да градат облакодери, а австралиските власти ќе треба да докажуваат зошто не сакаат нивната подводна атракција – масивниот корален гребен да се најде на листата на загрозено природно наследство.

 

Заканата стоеше уште од 2012, и еве, се оствари. Образложението е дека долгогодишниот градежен развој предизвикал „неповратен губиток“ на историската вредност на викторијанските пристаништа.

Денес, 21.7, на состанок на членовите на Комитетот за светско наследство на ОН во Кина е заклучено дека „универзалната вредност“ на пристаништето во Ливерпул е уништено со изградба на нови згради, вклучително и на новиот стадион на Евертон, и дека оттаму неговиот статус на светско културно наследство се одзема.

Одлуката е понижувачки удар за градот, со што тој станува едно од само трите места кои го имаат загубено ваквиот статус во речиси 50 години. Другите се природното подрачје Орикс во Оман од 2007 поради нарушените принципи на заштита на животната средина на бројни живи видови, и долината на Елба во Германија во 2009 година откако бил изграден мост – автопат со четири ленти над самата река.

Ливерпул уживаше статус на светско наследство од 2004, кога се најде во исто друштво со Таџ Махал, Кинескиот ѕид и Кривата кула во Пиза. Заканата за отстранување од листата висеше над градот уште од 2012 кога УНЕСКО предупреди дека новите згради го промениле хоризонтот на градот и го уништуваат пристаништето како културна вредност. Властите сепак се надеваа дека до ова нема да дојде, а сега велат дека се „длабоко разочарани“ и дека планираат да вложуваат жалби.

off,net

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малиот гениј Македон ја издаде првата научна книга, на англиски јазик

Малиот гениј Македон Димитровски од Тетово, преку видео се пофали за објавата на наеговата прва научна книга насловена „Од атоми до универзумот“. Книгата е на...

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...