16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаOд МВР ве советуваат: Немој да пукате на свадба, казните се од...

Oд МВР ве советуваат: Немој да пукате на свадба, казните се од 200 до 500 евра, или затворска казна од една до пет години.

Од втората половина на овој месец на поширокото полошко подрачје во полн ек е организирањето свадбени и други свечености. Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш апелира до граѓаните да се воздржат од пукање со оружје.

-Секторот за внатрешни работи Тетово повторно потсетува дека пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31). Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик), велат од СВР Тетово.

Апелот на полицијата се однесува и за воздржување од неовластено организирање огномети.

-На граѓаните, исто така, им се укажува дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а организаторите навреме да ги преземат пропишаните превентивни мерки за заштита на животот и имотот на присутните на свеченоста, додаваат од тетовската полиција.

Од СВР Тетово потенцираат дека ефикасно ќе постапуваат и ќе ги санкционираат сите прекршувања на законската регулатива, а против инволвираните ќе следуваат законски предвидените поднесоци.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...