23.3 C
Ohrid
среда, август 4, 2021
Почетна Македонија Трендо се огласи по написите дека ќе бил кандидат за градоначалник на...

Трендо се огласи по написите дека ќе бил кандидат за градоначалник на Центар: Аманте бе луѓе секоја година ме правите кандидат.

Translate (Eng):[gtranslate]

Не е точно дека ќе се кандидирам за градоначалник во Општина Центар, вели Сашо Мацановски-Трендо во изјава за Фактор, откако повеќе медиуми објавија дека водителот ќе биде кандидат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– На секои изборни циклуси ме прават кандидат за градоначалник. Но, ниту сме разговарале со партијата, ниту, пак, ВМРО-ДПМНЕ ме прашале. Јас сум задоволен со тоа што го работам во моментов, така што навистина такво нешто не постои. Дури и се шегував со ваквите информации, напишав не на Центар, туку на Центар Жупа – вели Трендо за Фактор.

 

РЕКЛАМА

 

Инаку, според наводите на повеќе медиуми како потенцијален кандидат за оваа позиција се споменува и доктор – специјалист кој високо котира во опозициските партиски редови.

- Реклами -