10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаВодителката на Канал 5 заврши во болница: „На инфективна немаше ниту еден...

Водителката на Канал 5 заврши во болница: „На инфективна немаше ниту еден човек, ниту доктор, ниту медицинска сестра, ништо ништо, освен чуварот кој што внатре си пушеше цигара“

Koронавирусот или Ковид 19 веќе повеќе од една година демнее во светот, а бројките на позитивни, заболени, починати, постојано варираат, па на пандемијата како да и нема крај.

Короната не бира кој ќе биде заразен, а многумина од јавните личност го прележаа вирусот. Некои со полесни симптоми, некои со потешки, а некои за жал ја изгубија битката.

Водителката Милена Антовска поради својата професија и контактот со голем број на луѓе уште од самиот почеток беше изложена на ризик.

Антовска пред неколку месеци прележа корона. Имено, како што обзнани тогаш на социјалните мрежи таа беше во изолација.

Тогаш не откри дали имала потешки или полесни симпотми и дали имала контакт со некој позитивен…

Меѓутоа, деновиве нов вирус ја нападна водителката поради кои заврши на инфективно.

Во кусите приказни на „Инстаграм“, Милена откри дека добила стомачен вирус и поминала многу полошо отколку кога имала корона.

Како што објасни, освен таа, стомачен вирус добиле и нејзиниот сопруг Гордан, ќерката Лана Марија, а Антовска завршила и на инфузија.

Како што раскажува Милена во „Инстаграм стори“, Брзата помош не дошла бидејќи наводно немала што да прави, па водителката морала да се обрати во приватна клиника и да ја прими соодветната терапија.

Откако примила инфузија и не и било подобро, таа заминала на Инфективна во Скопје, а како што вели таму немало жив човек освен чуварот кој внатре пушел цигара.

„На инфективна немаше ниту еден човек, ниту доктор, ниту медицинска сестра, ништо ништо, освен чуварот кој што внатре си пушеше цигара“, вели водителката.

Од инфективно, водителката заминала во друга клиника каде што и ги направиле потребните испитувања за да и кажат дека се е во ред.

Милена преку својот „Инстаграм“ апелираше да се подобрат нештата.

„Да не биде дека само се фотографираме и објавуваме фотографии и само фини нешта“, вели водителката.

Таа истакна дека ги разбира здравствените работници дека се изморени поради пандемијата со коронавирусот, но вели дека на секој човек треба да му се укаже здравствена помош.

„Јас разбирам дека докторите се преморени, јас лично сум уверена бидејќи на терен, посебно лани, снимав кога беше најтешко и знам колку се посветени и колку беа растрчани насекаде. Но, тоа не значи дека луѓето кои имаат потреба од здравствена помош треба да трпат затоа што во моментот нема здравствено лице на некоја од клиниките. Не сакам својата позиција, професија да ја користат и да барам „врски“. Тоа не треба така да биде. Некој ќе каже „де стомачен вирус“. Но, верувајте јас стомачниот вирус го поминав 10 пати потешко и ми беше полошо отколку кога имав корна“, вели Антовска.

За среќа, ситуацијата заврши среќно, водителката оздраве, па се врати на својата работа и пред ТВ екраните на утринската програма на Канал 5 телевизија. вистина.мк

 


newz24live.com

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...