13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаГрадоначалниката на Битола: После четири години им гледам на битолчани во очи,...

Градоначалниката на Битола: После четири години им гледам на битолчани во очи, бидејќи работевме чесно

После четири години им гледам на битолчани во очи, бидејќи работевме чесно, домаќински и одговорно и имаме со што да се пофалиме и со што да се гордееме, порача градоначалничката Наташа Петровска, на граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ во Битола.

Таа рече дека општината ја наследила со долг од 12 милиони евра од кои, 4,3 милиони за образовните институции, но сепак, како што вели, успеала да реализира крупни проекти.

Меѓу капиталните проекти, градоначалничката на Битола ја издвои реконструкцијата на Офицерскиот дом и киното Манаки.

„Од самиот почеток не само што исплаќавме, туку и градевме. Колку и да се обидуваат да го занемарат она што го направивме, не можат“,

рече Петровска.
Таа посочи дека била извршена реконструкција на голем број улици во Битола, меѓу кои и обиколницата и улици во Касарната и во Долно Оризари. Во областа на спортот пак, вели дека спортистите биле поддржани со 600 000 евра и инвестиции во спортската инфраструктура.

Општина Битола, како единствена општина во државата во време на пандемија издвои 100 000 евра за здравствените институции, додаде Петровска.

„Пари има за сите инфраструктурни проекти, бидејќи тие не завршуваат на приватни сметки, а Битола е на врвот меѓу најтранспарентните институции во државата и така ќе продолжиме“,

порача Петровска.

Извор:360 stepeni.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...