14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаJапонски уметници ја нацртаа Македонија како самураj.

Jапонски уметници ја нацртаа Македонија како самураj.

Знамињата на 84 држави-учеснички на Олимписките игри во Токио, меѓу кои и на Северна Македонија, добија уметничка интерпретација во форма на самурај – традиционален јапонски воин
Група јапонски уметници се надеваат дека ќе им помогнат на луѓето да го прифатат и духот на Олимписките игри и јапонската култура со тоа што ќе ги претстават знамињата и земјите на државите-учеснички на игрите како самураи.

„Самураите се уникатни за Јапонија и сакаме сите да се запознаат со традиционалната јапонска култура“,

вели уметникот Камаја Јамамото.
Според Јамамото, во цртањето на самураите се земени во предвид историјата на знамето на една земја, како и неговите бои и дизајн. Направено е и кратко истражување на културата која се претставува, па секој самурај, односно знаме, доаѓа со кратки лични карактеристики, силни и слаби страни – слично како карактер од видео игра.

„Се надеваме дека ова може да биде начин за луѓето да научат нешто за другите земји“,

вели друг уметник од проектот, Козо Јамада.
Македонскиот самурај се вика Манчевски, омилена храна му се ќебапи
Како јапонските уметници го смислиле и преставиле македонскиот самурај? Цртежот може да се види во двете илустрации подолу и на jследниот линк.

Јапонските уметници ставиле дел од знамето на градниот оклоп на „самурајот“, а го облекле и во чизми кои сметале дека би одговарале на традиционален воин од земјава.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...