6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаКратовец тврди: Подобро e да чистиш прозорци во Германија, отколку да си...

Кратовец тврди: Подобро e да чистиш прозорци во Германија, отколку да си „ренџер“ во Македонија.

елат, кратовци секаде низ светот ќе сретнеш, а во Кратово најмалку. И така е. Се раселија насекаде низ светот, по сите континенти, но се чини, најмногу во „ветената“ земја Германија. По тој пат, пред нешто повеќе од две години тргна и кратовецот Влатко Арсов, откако сфатил дека просперитет во нашава земја за младите луѓе нема, Иако обучуван во елитните единици на македонската армија, не ја пронашол среќата во маскирната униформа и решил да замине во Германија.

Бил свесен дека таму не го чека „мед и млеко“, но дека за сработеното ќе биде соодветно платен и награден. А работи необична работа, која му овозможува Минхен да го гледа од височини повисоки од 100 метри.
Заминав во јануари 2019 во Минхен, Германија. Претходно во Македонија минав обука во воената единица „Волци“, па шестмесечен курс за „Ренџер“, па три години работев во Полкот за специјални операции.

Во еден момент се освестив дека тоа не ме прави среќен, се сетив дека имам бугарски пасош и одлучив да заминам за Германија. Не знаев германски јазик и бев слабо платен. Откако го научив, добив одлично платена работа и сега сум почесто „на небо“, отколку на земја.

Работам во фирма која се занимава со чистење на прозори на огромни висококатници и облакодери во Минхен. Работата на висина од 100 метри знае малку да биде и стресна, ама е пет пати поплатена од платата која ја добивав како „ренџер“ во Македонија. Планирам наскоро да ги преселам сопругата и едногодишното синче во Минхен и трајно да се исселиме од нашата татковина“, ни ја раскажа својата животна приказна младиот Влатко.

Иако професијата „windows manager” личи на информатичка професија, во насловот е употребен овој израз бидејќи кратовци се познати мајтапчии и секогаш знаат работата да ја свртат на шега. Велат, мијач на прозори можеби звучи како чудна професија, но дефинтивно е платена професија во земји кои знаат да го ценат човечкиот труд.

Aberdzija

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...