6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаMицкоски: На пример некој сака игралиште а некој нова улица, има народот...

Mицкоски: На пример некој сака игралиште а некој нова улица, има народот да одлучува што ќе се прави со нивните пари што ќе се собираат од данокот на имот.

Децентрализација на власта и проект со кој граѓаните ќе одлучуваат како ќе се трошат парите што се собираат од данокот на имот, промовираше вечерва во Охрид лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во пресрет на локалните избори.

„Јас сакам мојот данок да биде потрошен за ново игралиште во Лесковец, за нова улица во Велгошти или пак за некој нов парк овде во центарот на Охрид, а не да заврши во некоја кафана со некое ново патничко возило, за некое патување или за некои непродуктивен трошок. Вие ќе бидете господари на вашите средства, а општината ќе биде транспарентна и отчетна на веб страната ќе бидат објавени проектите и ќе има бројач, како ќе се полнат вашите средства во тие проекти така тие проекти ќе се реализираат. Вие сте господари на вашиот проект и вашиот град, не градоначалникот, не општината, не администрацијата. Нема никој повеќе да ве краде, нема веќе кој да ги краде охриѓани, нема кој да ги краде граѓаните во Македонија затоа што вие плаќате за вашиот проект во вашата општина“,

порача Мицкоски.

Мицкоски вети и дека преку децентрализација на институциите, Министерството за култура како и сите државни културни институции ќе бидат преместени во Охрид.

„Тоа е една крупна реформа со која што ВМРО-ДПМНЕ ќе се зафати и тоа нема да биде преку ноќ, можеби ќе треба повеќе време, можеби ќе требаат повеќе години, но еднаш засекогаш мораме да почнеме и да го најдеме местото на секое нешто онаму каде што тежи. Охрид е како што кажав не само на Македонија, Охрид е и на целиот свет, и е културна престолнина, како што кажа Велика нашиот Ерусалим и тука треба да бидат сместени сите државни културни институции и управи, а на крај и самото министерство за култура, тоа се вика институционална децентрализација, институциите таму каде што им е местото. Културата и министерството треба да бидат овде во Охрид“,

рече Мицкоски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...