16.9 C
Ohrid
недела, септември 14, 2025
ПочетнаМакедонијаПовторно влошена здравствената состојба на Камчев: Bo затворот го лечеле со сол...

Повторно влошена здравствената состојба на Камчев: Bo затворот го лечеле со сол и газирана вода.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денеска, при редовната посета на Јордан Камчев, повторно е констатирано она кое изминатите неколку недели се потврдува, дека здравствената состојба на г-динот Камчев е исклучително алармантна, континуирано се влошува и во КПУ Затвор Скопје нема соодветни услови за третирање на истата, алармира неговиот правен тим.

<

Јордан Камчев постојано има сериозна, силна главоболка, но во КПУ Затвор Скопје нема дежурен доктор за да го прегледа притвореникот. Се праќа медицинска сестра за проверка на состојбата.

– Првично, денес во текот на утрото г-динот Камчев имал многу сериозна главоболка и од затворскиот ,,медицински тим,, констатирано било дека има спојување на притисоците и дека има видливи отоци на лицето. Потоа, во 14.30 тој се чувствува многу лошо поради што прегледан е повторно во КПУ Затвор Скопје, констатиран е повторно споен притисок, 90 со 70. Предложено му е да биде однесен на Клиниката за кардиологија, но тој одбил бидејќи од претходното искуство кога е пренесуван смета дека е само дополнително малтретирање за него во состојбата во која што се наоѓа бидејќи и таму секако не ја добива соодветната терапија со која би се подобрила неговата состојба. Од затворскиот „медицински тим“ оваа негова состојба во КПУ Затвор Скопје ја третираат со сол и газирана вода, соопштува правниот тим на Јордан Камчев.

Тие велат дека сериозноста на здравствената состојба во која што моментално се наоѓа и несоодветното третирање на истата претставува ризик директно по животот на Камчев.

– Од правен, но и етички и морален аспект, и нашиот клиент, г-динот Камчев и ние како правна одбрана во целост поддржуваме активности со кои би се докажала правдата, но апелираме на сериозна разумност кај Обвинителството и судиите и нивна рационалност при донесувањето на одлуките. Сметаме дека целта на мерката ефективен притвор која се применува не е директно да се загрозува здравјето и животот на еден човек, вели правниот тим.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...

Перчо Божиноски носител на листата на ВМРО ДПМНЕ за Советот на Општина Охрид

Перчо Божиноски ( актуелен Претседател на Советот на Општина Охрид ) ќе ја предводи листата за Совет на ВМРО ДПМНЕ на Локалните избори годинава...

Мојсоска кандидат на Левица за градоначалник на Струга

Во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници, наведува Левица...

Во Тетово натепан млад механичар.

На 11 септември 2025 година во 18:00 часот, во Полициското одделение Камењане, С.Ф. (20) од село Синичане, тетовско, пријави дека околу 17:00 часот бил...