14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаВо порцеланотда ти биле парите: Фирмата на Груевски се занимава со продажба...

Во порцеланотда ти биле парите: Фирмата на Груевски се занимава со продажба на порцелан, стаклени производи и производи за чистење.

Поранешниот премиер Никола Груевски, отворил сопствен бизнис со керамика во Унгарија, пишува денеска унгарскиот портал 24.ху. Според наводите на медиумот, неговата компанија ИЦИЦ Кфт, е регистрирана во Пецел, предградие на Будимпешта на 15. јули и тој е директор и основач на компанијата.

-Нејзина главна активност е бизнис менаџмент и бизнис консалтинг, но фирмата се занимава и со продажба на големо на порцелан, стаклени производи и производи за чистење. Иако се знае дека Груевски живее во Унгарија, тој ја дал скопската адреса како седиште, а адвокатот Каталин Хорнјик е регистриран како овластен правен застапник, пишува порталот.

Освен информацијата за новоотворената фирма на Груевски, унгарскиот портал прави ретроспектива на професионалниот ангажман на екс-премиерот Груевски напоменувајќи дека тој работел во Балканска Банка, Македонската берза, соработката со унгарски Матав, дека бил министер за финасии и дека негов проект е кампањата „Купувајте македонски производи“.

-Но тој не си купуваше за себе само македонски производи, туку и Мерцедес“, пишува порталот и додава дека поради тој случај избега од Скопје, а беше осуден на двегодишна затворска казна. Груевски купи блиндирано возило со државни пари и беше обвинет за корупција“, наведува 24.ху.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...