14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаШахпаска: Само 1300 денари не делат до просечна плата од 500 евра.

Шахпаска: Само 1300 денари не делат до просечна плата од 500 евра.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервју за Македонската телевизија одговорајќи на новинарско прашање, – за ветената минимална плата од 500 евра и какви се прогнозите за нејзино остварување, рече дека се многу блиску до реализацијата на ветеното.

„Кога говориме за порастот на просечната плата која требаше да изнесува 500 евра за еден четиригодишен мандат, ние сме многу блиску до реализација. На први јуни 2017 г. СДСМ и Коалицијата ја формираше Владата и за овие четири години износот на минималната плата е зголемен за повеќе од 6.000 денари. Претходно во 2017 година просечната плата беше 22.000 денари, а таа сега изнесува 28.700 денари. Што значи, дека ние сме многу блиску до тие 500 евра, што беа наше изборно верување. Имајќи во предвид дека година и пол се соочуваме со пандемијата на Ковид 19, ние би го надминале она што претставуваше наше ветување, во тогашната програма на Владата. И последните податоци покажуваат дека во првата половина од годината, просечната плата има пораст од некаде 6%“, рече Шахпаска.

И според министерката Шахпаска, зголемувањето на пензиите од 1,2% не е доволно, но дека како влада ги почитуваат законите.

„Во услови на пандемија со која се соочија и моќните економии во сетот, не само нашата земја, ние продолжуваме да ги имплементираме законските решенија, кои јасно велат, „усогласување на пензиите согласно трошоците на живот во јануари и во јули“ и точно тоа усогласување, ние сега го испочитувавме – пензиите ќе бидат повисоки со оној процент колку што е порастот на животните трошоци. Законот предвидува уште два дополнителни критериуми за кои јас сум оптимист дека ќе се случат, особено пораст на бруто домашниот производ на 4% кој што ќе генерира пораст на пензиите и третиот кумулативниот предуслов – пораст на просечната плата за 5% и минималната плата за 15%. Важно е дека усогласувањата согласно закон и во услови на пандемија се почитуваат, рече Шахпаска.

Министерката порача, дека како ќе расте економијата, така ќе растат и платите.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

СДСМ: Ги очекуваме првичните резултати од изборите.

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, прес-конференција по завршувањето на претседателските избори, Скопје, 24.4.2024 година Изборниот ден помина во фер и демократска атмосфера, а граѓаните својата...

Таравари: По долги години ДУИ конечно оди во опозиција

Кандидатот за претседател од редовите на албанската „Вреди“, Арбен Таравари на првата прес – конференција по затворањето на гласачките места порача дека очекува на...

На 20% пребројани гласови – Гордана 44,71%, Стево 19,09%

На 20% на ниво на Македонија, пребројаните гласови се вака: Гордана Сиљановска Давкова 64.929 44.71% Стево Пендаровски 27.728 19.09% Бујар ОСмани 18.896 13% Арбен Таравари 12.916 8.5% Максим...

На 5% обработени на ниво на Македонија: ВМРО ДПМНЕ води со двојна разлика !!!

На 5% обработени на ниво на Македонија: Гордана 7.782 Бујар 3.428 Стево 3.402 Арбен 1.906 Максим 1.384 Билјана 916 Стевчо 131