8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаПолицијата во Македонија по грешка ставила во затвор српски државјанин !!!!

Полицијата во Македонија по грешка ставила во затвор српски државјанин !!!!

Српскиот државјанин Д. М. (52), раселено лице од Приштина, кое беше уапсено во Северна Македонија на 7 јули за наводно воено злосторство извршено на Косово по налог на УНМИК, денеска беше ослободен, откако пристигнаа докази дека се работи за погрешен човек.

Како што изјави неговиот адвокат, Илија Поп Костов, за „Косово Онлајн“, неговиот клиент бил уапсен поради промена на неговиот идентитет, односно за истото име и презиме со лицето барано за воени злосторства.

„Беше незаконски приведен и од денеска е на слобода по одлука на судија на претходна постапка, и по барање на јавен обвинител. Утврдено е дека погрешно лице е уапсено, а притворот веднаш бил укинат и тој бил ослободен“, рекол Поп Костов.

Државјанинот на Србија е уапсен е откако ја поминал границата, кога заедно со сопругата заминале на одмор во Охрид.

Потоа му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а по наредба на дежурен судија, тој бил однесен во затворот во Куманово, а адвокатот на уапсениот Д.М., побарал неговиот клиент да биде пуштен на слобода, додека тој самиот ги негирал сите наводи во обвинението каде е обвинет за убиство и нанесување тешка телесна повреда.

lokalno

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...