6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Се чувствувам излажано од ЕУ, не испорачаа тоа што ни ветија

Заев: Се чувствувам излажано од ЕУ, не испорачаа тоа што ни ветија

„Се чувствувам излажано од ЕУ, бидејќи не го испорачаа тоа што ни ветија. Преспанскиот договор, освен за пријателство со Грција, го потпишавме за интеграција во ЕУ. Од 2001 имаме Договор за стабилизација и асоцијација, веднаш по Словенија, а пред Хрватска. Од 2005 имаме статус на земја кандидат и имаме 12 позитивни препораки“ кажа премиерот Зоран Заев во интервју за српски Танјуг.

Тој додаде дека земјава повеќе од 16 години чека преговори и дека фрустрацијата кај граѓаните на Северна Македонија е голема. „Ние држевме лекции и за европски манири, преку Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот Договор. Нашите внатрешни договори може да послужат како лекција за многу мултиетнички заедници во развиени земји на ЕУ“ кажа Заев.

Премиерот рече дека после 12 позитивни препораки за започнување на членството во ЕУ и исполнување на сите препораки за реформи, не е евроски некој и понатмау да блокира.

„Се надевам дека ЕУ брзо ќе дојде до решение за Северна Македонија, Албанија, како и за Србија и Црна Гора. Нека се отворат кластерите и да се затвори тоа што е решено. Нашите граѓани губат надеж, но не постои алтернатива, сите мислиме на ЕУ“ кажа Заев. Тој додаде дека додека чекаме на ЕУ, треба регионално да се поврзиме и европеизираме за подобро да се служи на сите граѓани.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...