7.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаЗа Илинден Џафери со цвеќе кај Ченто, Заев во Пелинце, Груби во...

За Илинден Џафери со цвеќе кај Ченто, Заев во Пелинце, Груби во Крушево, а Пендаровски чествува на Фејсбук

spot_imgspot_img

Граѓаните на Република Македонија утре ќе го празнуваат 2 Август – Денот на Републиката. Ден со кој на Илинден во 1903 година – со Илинденското востание и Крушевската република, а потоа и на вториот Илинден, во 1944 година со АСНОМ – Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија, беа поставени столбовите на Републиката и на државноста.

Како што соопштија од владината прес-служба, годинешното одбележување на најголемиот државен празник се совпаѓа со значајните годишнини: 30 години од независноста и 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Одбележувањето на празникот ќе започне со настаните во Скопје, во организација на Собранието на Република Македонија со почеток во 09:00 часот.

Собраниската делегација, која ќе ја предводи претседателот на Собранието Талат Џафери ќе положи цвеќе на спомениците на Методија Андонов Ченто, на президиумот на АСНОМ и на Никола Карев. Програмата во Скопје потоа продолжува со обраќање на Џафери и со празнична културно-уметничка програма.

Владината делегација во Скопје ја предводи министерот за здравство Венко Филипче, заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска и заменик-министерот за правда Агим Нухиу.

Државната празнична програма продолжува пред Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце, во чест на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија-АСНОМ со почеток во 09:45 часот. Делегацијата ќе ја предводи претседателот на Владата Зоран Заев, придружуван од првиот заменик-претседател во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Програмските содржини во Пелинце започнуваат со положување на свежо цвеќе на споменикот пред Меморијалниот центар, по што ќе започне првиот дел од пригодната празнична културно-уметничка програма. Потоа следува обраќање на Заев и завршниот дел од културно-уметничката програма.

Државните почести по повод Денот на Републиката во Крушево, во организација на претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски започнуваат со панихида во храмот Св.Никола, во 10:20 часот, по што ќе следува полагање цвеќе на гробот на Никола Карев, празнична програма пред споменичниот комплекс Македониум и полагање цвеќе на споменикот на хероите на Слива.

Владината делегација во овој дел од програмата ја сочинуваат министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за локална самоуправа Горан Милески, и заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани.

Централниот дел од државната програма за чествување на 2 Август – Денот на Републиката ќе започне во 18 часот на Мечкин Камен со поздрав на илинденската коњаница проследена со костимирана придружба, поздрав на АРМ и со полагање на цвеќе и венци на споменикот на Мечкин Камен, по што ќе следува празничната културно-уметничка програма посветена на двата Илиндена.

Владината делегација за централниот дел од настанот ќе ја предводи премиерот Зоран Заев, придружуван од првиот заменик-претседател во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Програмата за одбележување на Денот на Републиката и оваа година го опфаќа и традиционалното чествување на Илинден во Смилево во организација на Општина Демир Хисар. Програмските содржини во Смилево почнуваат со положување цвеќе на могилата Даме Груев, споменикот на Смилевските илинденци и спомен плочата на Смилевскиот партизански одред во девет часот, по што следува посета на Меморијалниот музеј и положување цвеќе на споменикот на Даме Груев.

Делегацијата на Владата на Република  Македонија во Смилево ја предводи заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање  Христина Оџаклиеска, наведуваат од Владата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...